X
 12.04.2022 Живот

Анализа покажува колку корисници гледаат „Нетфликс“ преку туѓ профил

Споделувањето на лозинката од „Нетфликс“ стана вообичаено. Со години повеќе корисници споделуваат еден профил за да гледаат содржина на оваа платформа. „Нетфликс“ неодамна најави дека ќе му стави крај на овој начин на користење на платформата, а доколку се случи тоа, многу луѓе ќе бидат погодени.

Според анализа на веб-платформата „Тајм ту плеј“, 44,4 отсто од корисниците на „Нетфликс“ користат туѓ профил за да гледаат содржини на платформата. Анализата е направена врз основа на анкета спроведена на 1.523 Американци од сите сојузни американски држави во март годинава.


Фото: Pixabay

Во анкетата, 50 отсто од оние корисници на „Нетфликс“ што плаќаат за пристап изјавиле дека им ја имаат дадено лозинката на некој што не живее со нив, што е спротивно на условите на користење на платформата. Корисниците што плаќаат го делат профилот со просечно 2,3 луѓе.

Минатиот месец „Нетфликс“ почна да тестира опција во некои земји со кои од корисниците бара да потврдат дека живеат во ист дом со корисникот на профилот. Платформата планира да почне да наплаќа дополнителна сума за корисниците што користат туѓ профил.

Извор: Mental floss
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот