Гледачи на филмот „Пад“ (Fall) тврдат дека им се слошило од некои сцени во филмот, а некои дури пишуваат дека тоа е најстрашниот филм што го гледале. Филмот е особено стресен за оние што имаат страв од височина, па дури и „Нетфликс“ ги предупреди гледачите за вознемирувачките сцени на својот официјален профил на „Твитер“.
- Речиси секоја сцена во филмот „Пад“ може да ви предизвика вртоглавица - напишале тие.
- „Пад“ е еден од најстрашните филмови што сум ги гледал. Без крв, без насилство, само силно чувство на вознемиреност во текот на целиот филм. Ужас. Дланките ми се потеа цело време - напишал еден корисник на „Твитер“.
- Добар филм, повратив и имав напад на паника, но беше добро - напишала корисничка на „Твитер“.
Филмот „Пад“ ја прикажува напнатата и застрашувачка авантура на двете девојки Беки и Хантер кои се заглавуваат на радиокула висока 610 метри, на која се искачиле за да ја растурат пепелта на сопругот на Беки, кој загинал во планинарска несреќа.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Twitter