X
 02.11.2017 Наука

Холандија веднаш би можела да потоне - зошто не потонала досега?

Зошто Холандија не е под вода? Ова е големо прашање со оглед на малата, но високо населена европска земја. Токму на ова прашање се обидува да одговори Брејн Мекманус на неговиот канал „Вистинско инженерство“.

На  кратко, одговорот е - огромен градежен проект. Но долгиот одговор бара да посветите седум минути гледајќи го неговото видео.

Во почетокот на 1953 година, Холандија била погодена од жестока бура во која загинале 1835 луѓе. По Втората светска војна, многу насипи покрај холандскиот брег биле во лоша состојба. Земјата се опоравувала од петгодишната германска окупација, кога разурнувачката бура предизвикала огромни штети во многу делови од земјата.

Само 12 дена по невремето, владата го формирала Делта комитетот, група на инженери, планери и научници, задолжени да се погрижат ваква штета повеќе никогаш да не се случи. Комитетот направи план што резултираше во едно од седумте модерни светски чуда - „Dutch Delta Works“. Ова извонредно парче инженерство не само што ја штити земјата од лоши временски услови, туку и одржува чувствителност кон околината, што значи дека холандското крајбрежје сѐ уште е просперитетен и здрав екосистем.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука