Луѓето во Украина користат технологија за тродимензионално моделирање за да ги зачуваат културните наследства во дигитален облик поради ризикот од уништување за време на војната.
Проектот е наречен „Резервна копија на Украина“ (англ. Backup Ukraine) и е организиран од сопствениците на мобилната апликација „Поликем“ (англ. Polycam), во соработка со УНЕСКО, националниот историски музеј на Украина и други организации.
- Уништувањето на културното наследство на една земја е најбрз начин да се избрише нејзиниот национален идентитет - пишува на веб-страницата на проектот.
Целта на проектот е да се скенира сè што би имало културна вредност. Се бараат волонтери кои со помош на своите телефони и апликацијата, која е бесплатна во Украина, ќе прават тродимензионални реконструкции на зградите, статуите и сè што има културна вредност.
Сите модели може да се погледнат
тука.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)