Во „Democracy now!“ Ејми Гудман разговара со основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој помина скоро три години во амбасадата на Еквадор во Лондон, кадешто има политички азил.
Асанж се соочува со истрага во Шведска и Америка. Во Америка, Џулијан се испитува за улогата во документите кои излегоа за војните во Ирак и Авганистан. Во Шведска, тој е баран за испрашување за наводни тврдења за сексуално недолично однесување, иако не се покренати обвиненија против него. Минатиот месец, Врховниот суд на Шведска ја отфрли неговата жалба за укинување на налогот за апсење.
Додека Асанж се наоѓа во внатрешноста на еквадорската амбасада, Викиликс продолжува со објавувањето на документи, а неодамна излегоја документите за британската нуклеарна подморница.