X
 30.08.2023 Култура

Над 10 милиони прегледи: Објавен трејлерот за третата сезона од серијата со Џенифер Анистон

Пристигнува третата сезона од американската серија „Утринското шоу“. Серијата беше премиерно прикажана во ноември 2019 година, а главните улоги ги толкуваа Џенифер Анистон, Рис Витерспун и Стив Карел.

10 милиони прегледи за четири дена

Третата сезона ќе излезе на 13 септември, а трејлерот веќе собра повеќе од 10 милиони прегледи.

- Во третата сезона иднината на мрежата е доведена во прашање и лојалноста е доведена до работ кога технолошки титан се интересира за телевизиската мрежа. Се формираат неочекувани сојузи, приватните работи се користат како оружје и се принудени да се соочат со нивните основни вредности во редакцијата и пошироко - е најавата за новата сезона.

Покрај Витерспун и Анистон, во третата сезона ќе се појават и Били Курдуп, Марк Дуплас, Нестор Карбонел, Карен Питман, Грета Ли, Џон Хем, Никол Бехари и Џулијана Маргулис. Серијата беше наградена со „Еми“, САГ и награда „Избор на критичарите“, а ќе добие и четврта сезона.

 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура