X
 12.05.2017 Живот

Како поинаку се жалат среќните луѓе?

Жалењето не е најпродуктивната работа да се справите со една ситуација. Таа всушност и ја влошува истата. Иако, една студија покажала дека жалењето може да Ве ослободи во моментот, но подоцна станува штетно.

Сепак постојат вентилациски стратегии кои ги користат среќните луѓе и кои може да Ви донесат само корист.

Тие го „ставаат лошото во сендвич“ – оваа техника е измислена од страна на психологот и истражувач Гај Винч. Особено ако се жалите на некој друг, го ставате лошото во сендвич со еден вид на отворач за уво (вид на почетна реченица што ќе го олесни она што следи), самата жалба, и дигестивот (кој го ублажува ударот).

Го прават тоа со цел – една студија од 2014 година покажала дека жалењето не мора да биде убиец на расположението сѐ додека намерно го изразувате. Дури и ако немате решение на ум, знаејќи дека вентилирањето е намерно изразено, тоа постанува инструмент кој Ви помага да се чувствувате добро или да тргнете нешто од грбот.

Тие не стојат во место
– откако ќе се пожалите намерно играта треба да продолжи напред. Робин Ковалски, професор по психологија на Клемсон Универзитетот и коавтор на студијата од 2014 година, сугерира две стратегии што ќе спречат вентилирањето да застане во место: направете го тоа во умерени количини и одберете ја публиката внимателно. За среќните поплакувачи целта е да се тргне товарот од себе.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот