X
 30.06.2017 Образование

Што да направите откако ќе паднете на испит?

Кога ќе паднат на испит, студентите често се разочаруваат и мислат дека е крај на светот. Но, не треба да се очајува. Ова се неколку совети кои би помогнале во пребродување на тешката ситуација:

1. Без паника

Паниката нема да ве одведе никаде. Прифатете дека паѓањето на испит е сосема нормално за време на студентскиот живот. Не сте сами и се разбира дека можете да добиете подобри резултати. Се работи само за една пречка повеќе која треба да ја надминете и едно дополнително искуство кое ќе ви помогне да бидете подобри следниот пат.

2. Дајте си малку време

Имате право и малку време да бидете тажни. Имате право и да земете пауза и да соберете сили за следниот чекор. Гледајте ги омилените серии, излегувајте со пријателите, но не претерувајте. Наполнете ги батериите и продолжете со напорната работа.

3. Размислете за грешките

Откако ќе помине паузата, обидете се да се потсетите каде згрешивте и што ви е најслаба точка. Што можевте да направите поразлично? Кога ќе го имате одговорот на тоа прашање, полесно ќе успеете да го совладате материјалот и да бележите подобри резултати.

4. Мислете на иднината

Размислете што ви е потребно за да го полагате испитот повторно. Одлучете која метода е најдобра и применете ја.

5. Побарајте помош

Доколку ви е потребна не се колебајте и побарајте помош. Тутор, пријател или група на луѓе кои можат да ви помогнат е секогаш добра идеја. На сите некогаш ни е потребна помош.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование