X
 12.05.2022 Образование

Студентка на „Тик-ток“ обелодени плагијати од професори

Проблемот со плагијаторството е голема „темна дамка“ во академската заедница низ целиот свет. Студентите се подложни на казни доколку се докаже дека користеле плагијат. Меѓутоа, што станува кога професорите копираат туѓи дела?

Алекс Софија е студента на Универзитетот „Лојола“ во Чикаго и неодамна стана популарна на „Тик-ток“ откако обвини свои професори за плагијаторство. Таа тврди дека професорите што ѝ предаваат различни предмети ѝ испратиле презентации со идентична содржина.

Во нејзиното видео, кое биле прегледано над 2,2 милиона пати, студентката ги споредува презентациите од двата предмети, за кои тврди дека се идентични.

@alexandriamilk

elmo’s gonna sue

♬ Cuz I Love You - Lizzo


Таа открива дека му испратила електронска пошта на директорот за да се пожали дека плаќа 46.000 долари за да слуша два предмета со исти презентации. Таа објаснува дека двата предмета што ги слуша имаат две различни книги.

- Ако сум платила две книги, очекувам две различни презентации - вели таа.

Алекс добила одговор од директорот, кој ја известил дека бара нов професор со полно работно време. Во коментарите, повеќе корисници ги споделиле своите искуства со професори што копирале содржини.

- Дознав дека мојата професорка ја копирала целата своја презентација од „Википедија“ - напишала една корисничка. Има и такви што не се согласуваат со неа и ѝ напишале дека треба да молчи бидејќи има помалку материјал за учење.

За Алекс, овој инцидент покажал голем проблем во американското високо образование. Според неа, потребна е радикална промена во системот. Затоа, не планира да застане тука и сака да се бори за промените што ги бара.

@alexandriamilk

clearly I don’t belong in college INSTRUCTURE?!! ALEX WHAT

♬ original sound - alex sophia


- Нема да застанам само на ова поради студентите низ светот. Ја гледам фрустрацијата кај мене и моите колеги, додека универзитетот верува дека ми прати соодветен одговор, бидејќи тоа не е така - изјавила таа.

Во нејзиното последно видео таа открива дека еден професор дал оставка, но други промени на универзитетот нема, иако била на разговор со деканот.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Freepik

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование