X
 12.11.2016 Култура

Десет најчудни навики на Кинезите


Кинески метеж во сообраќајот

Кина отсекогаш имала разнородни чудни појави, за кои многу се пишувало. Ги издвојуваме најчудните од нив:

1.    На децата им е дозволено да вршат нужда каде било во јавност

Децата во Кина носат посебен вид на пантолони, кои имаат отвор на задникот. Честа појава е на улица да се види мајка која своето дете го држи над канта за ѓубре за да изврши голема нужда. Благодарение на практичните пантолони, нема потреба од соблекување на детето. Интересна слика, нели?



2.    Полициски гуски

Полицијата во Кина нема кучиња како во другите земји, но затоа пак користат гуски. Тие имаат супер вид, и се прилично агресивни. Во секој случај се добра алтернатива за полициските песови.

3.    „Враќање“ на невиноста

Многу е популарно кај младите Кинезинки. Пред стапување во брак, одат на операција за враќање на девственоста.

4.    Пижами

Ве мрзи ли да се пресоблекувате за излегување? Во Шангај нема да изгледате необично доколку одлучите на ручек или на плац, да одите во пижами. Таму тоа е нов тренд.

5.    Фудбалот потекнува од Кина

Земја на потекло на фудбалот, наводно, е Кина. Таму постои древна игра наречена цују, што во буквален превод значи „удирање на топка со нога“. Била прилично популарна пред околу 200 години, пред и после новата ера. Се проширила во Виетнам, Кореја и Јапонија, а денес таа игра насекаде е позната како фудбал.

6.    Необични имиња на децата

Кај нас вообичаено децата ги добиваат своите имиња според ликовите од „сапунските“ серии, а во Кина според Олимписките игри. Аојун е често кинеско име, а во превод значи Олимписки игри.

7.    Интересни варени јајца

Освен конзумирање на стогодишни јајца, Кинезите јадат и јајца варени во урина. Според рецептот, јајцата се варат цел ден во урина од момчиња помлади од 10 години. Според кинеската медицина, тоа носи значајни здравствени придобивки, како на пример подобра циркулација.

8.    Сите одат на годишен одмор истовремено

За време на Кинеската Нова година, 3,7 милиони Кинези земаат годишен одмор и патуваат.

9.    Решение како да се извлечете од сообраќаен метеж

Доколку заглавите во сообраќаен метеж во Кина, можете да повикате мотоциклист кој ќе ве собере и ќе ве одведе на саканата дестинација. Истовремено, неговиот партнер ќе го преземе вашето возило и ќе чека да се расчисти гужвата место вас.

10.    На Кинезите не им треба Жив ѕид
Жителите на Кина никој не смее да ги протера од нивните домови. Дури и кога целото подрачје околу нивната куќа одново се гради, градителите мораат да ја почитуваат волјата на оние кои одлучиле да ги задржат своите стари куќи и одбиваат да го напуштат својот имот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура