X
 13.10.2022 Култура

Скриено средновековно село кое можете да го разгледате само пешки

Пеј е прекрасно средновековно село сместено на падините на планините во внатрешноста на Монако и Ментон. Ако го сакате и го цените шармот на старите места, ова село е идеално за вас.

Пеј е прекрасно мало село со живописно опкружување во планините, на над 600 метри надморска височина. Се наоѓа јужно од регионот Приморски Алпи, северно од Монако и северозападно од Ментон. Ова село се наоѓа на прилично оддалечена локација, но дефинитивно вреди да се посети.

selo
Фото: Instagram

Станува збор за едно од најатрактивните села во регионот, со средновековни куќи кои се „пријателски“ потпрени една на друга. Тие се наоѓаат на стрмна падина и се опкружени со шума, што дополнително ја зголемува живописноста.

selo
Фото: Instagram

Пеј може да се запознае само пешки бидејќи нема автомобили, а мештаните и не се баш наклонети кон нив. На самиот влез во селото има посебна порта со заболен свод што најавува нешто убаво и добро.

Средновековната порта е стара најмалку 500 години, а преку неа се влегува во тесните и стрмни улички обложени со стари романтични куќи, од кои некои датираат од 12 век. На централниот плоштад се наоѓа фонтана од 15 век, место каде што луѓето се собираат да разговараат и да си разменуваат мислења.

selo
Фото: Instagram

Од своето славно минато Пеј има зачувано интересна серија споменици од остатоците од селското утврдување, судска зграда од 15 век, како и градска капела. Во селото нема многу дуќани, но по улиците се кријат најмалку две-три кафулиња и ресторани.

Сите овие содржини го прават селото идилично и прекрасно, но вистинската убавина и задоволството ќе ги најдете во прошетката низ улиците и прекрасниот панорамски поглед на околината.

Извор: b92.net
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура