X
 12.06.2021 Забава

Неверојатна фотографија од метеор што паѓа во вулкан

Мерапи е најактивниот вулкан во Индонезија, кој често исфрла лава и пепел. Бидејќи редовно еруптирал во 16 век, не е ни чудо што името во слободен превод значи „Огнена планина“.

Вулканот е омилен меѓу фотографите, па е често фотографиран. Но, фотографот Гунарто Сонг успеал да направи многу посебна фотографија за време на неодамнешната фотосесија.

Правило е да се одржува растојание од 4 километри од вулканот. Со цел да ја фати вечерната сценографија, Сонг се повлекол во Бату Алиен. Наскоро, голем камен бил исфрлен од устата на вулканот за време на ерупција, додека Сонг се наоѓал на карпа што нудела добар поглед на Мерапи.

Додека се подготвувал да фотографира, се појавила светлина. За среќа, Сонг успеал да ја насочи камерата и да ја фати светлината.

фото
Фото: Gunarto Song

Блесокот светлина всушност бил метеор и Сонг успеал да го фотографира во моментот кога паднал на планината Мерапи.

Во моментот на настанот се случувале два активни метеорски тушеви: метеорскиот туш „Ета Акварид“ и „Ариетид“, по што од Националниот институт за аеронаутика и вселена веруваат дека станува збор за метеор, а не за ѕвезда. Исто така, тие велат дека зелената боја на светлината се должи на високото количество на магнезиум во метеорот.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Instagram/Gunarto Song
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава