Фото: Roberto Molar Candanosa
Нашиот најблизок ѕвезден сосед, Проксима Кентаури, еруптира со ѕвездени блесоци 10 пати посветли од најголемите блесоци создадени од нашето Сонце.
Ова ја потиснува идејата дека црвеното џуџе е орбитирано од многубројни планети, како што утврдил тимот на истражувачи минатата година. Врз основа на повторната анализа на податоците, сега изгледа како да нема прстен од прашина како што претходно се мислело.
Во ноември минатата година истражувачите од Институтот за астрофизика на Андалузија, Шпанија, објавија дека откриле сјај што доаѓа од Проксима Кентаури. Тие го припишуваат овој сјај на прстенот од прашина, како астероидниот појас што орбитира околу Сонцето на далечната страна на Марс, или појасот Кујпер, надвор од Плутон.
Според нив, ова укажува на присуство на цел планетски систем што орбитира околу егзопланетата Проксима б, која била потврдена во 2016 година. Ова е така затоа што прашините и астероидните појаси се „остатоци“ од акрециониот диск од прашина што се врти околу ѕвездата што се формира и која може да резултира со формирање планети.
Според истражувачите предводени од Меридит Мекгрегор од Карнеги, оваа интерпретација на податоците сега има недостатоци.
Екстра светлината откриена од истражувачите од Институтот за астрофизика на Андалузија, според нивната нова анализа, не била одраз на светлината од прстенот од прашина, туку резултат на масивен соларен блесок.
Но како два тима дошле до такви различни заклучоци врз основа на истите податоци? Тимовите погледнале 10 часа собрани податоци од радиоскопот „Ареј“ што опфаќа 66 антени.
Тимот од Институтот го засновал својот наод врз просечната количина на светлината во текот на тие три месеци, вклучувајќи ги и светлината на ѕвездата и блесокот заедно - сето ова го толкувал како облаци од прашина.
Од друга страна, тимот на Мекгрегор не зел просек од податоците, но ги анализирал како функција на набљудување на времето - што резултирало во скок во емисијата на ѕвездата.
На 24 март 2017 година тие откриле дека ѕвездата еруптирала во апсолутно масивен сончев облик - 1.000 пати посветол од нормалните емисии на ѕвездата во период од 10 секунди. Настанот траел помалку од две минути.
Знаеме дека Проксима Кентаури е доста активна, но ова не е карактеристично за ѕвездата. Исто така, ги намалува шансите за наоѓање живот на Проксима б, карпеста планета околу 1,3 пат поголема од масата на Земјата.
Бидејќи ѕвездата е ладна и затемнета, планетата треба да орбитира многу блиску до ѕвездата за да биде погодна за живеење.
„Голема е веројатноста Проксима б да била пробиена со високо-енергетско зрачење за време на овој одблесок. Во текот на милијарда години од формирањето на Проксима б, ваквите пламени можеле да испарат атмосфера или океан и да ја стерилизираат површината, што укажува на тоа дека условите за живот може да вклучуваат многу повеќе од само вистинското растојание од ѕвездата домаќин“, вели Мекгрегор.
Ова не значи дека надежта е изгубена. Може да постојат планети што орбитираат околу Проксима Кентаури што не можеме да ги видиме. Всушност, не можеме да ја видиме ниту Проксима б. Таа била пронајдена во 2015 година користејќи Доплерова спектроскопија, што ги потврдува планетите врз основа на мали промени во светлината кога ѕвездата се движи кон нас или се оддалечува од нас.
Бидејќи не можеме директно да ја видиме планетата, сите други планети со вакво орбитално рамниште, се невидливи. Меѓутоа досега нема индикации дека постојат повеќе планети, особено сега кога облакот од прашина е сомнителен.
„Не постојат причини зошто би постоела значителна количина прашина околу Проксима Кентаури. Ниту пак не постојат информации што покажуваат дека
ѕвездата има богат планетарен систем како нашиот“, вели ко-авторот Алисија Вајнбергер од Карнеги.