X
 17.04.2023 Живот

Највисоката камена кула во светот - качувањето е забрането

Највисоката камена кула во светот изгледа како точка во Тасмановото Море. Меѓутоа, посетителите често не можат да поверуваат колку е висока. Кулата е висока 562 метри, односно речиси двојно повеќе од Ајфеловата кула.



Позната како Балова пирамида, кулата е изгаснат вулкан чиј врв останал над морето. Вулканот бил активен пред седум милиони години. Првиот човек за кој се знае дека ја видел кулата е Хенри Бал, во 1788 година, па оттаму таа се нарекува Балова пирамида.



Мал е бројот на алпинисти што успеале да се изборат со силните бранови и да се качат на кулата. Таа е многу опасна за качување поради кревките карпи кои се уриваат и затоа качувањето е забрането. Казната за оние што сепак ќе одлучат да се качат изнесува околу 3.000 евра.

Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот