Германскиот фотограф Јан Ерик Вајдер е познат по својот интересен пристап кон фотографирањето пејзажи. Претпочитајќи да извлекува апстрактни форми од природата, тој често патува во Исланд за да направи уникатни фотографии од често фотографираната средина. Така, кога
вулканот Фаградалсфјал почна да еруптира во март 2021 година, тој веднаш отпатува таму. Таму ја направи својата фотосерија ЛАВА, која одблизу прикажува магма и ладена лава.
Вајдер успеа да се приближи до свежиот проток на лава. Користејќи телефото-објектив, тој почнал да ги фотографира облиците и текстурите на лавата во нејзините различни форми.
- Она што ја прави употребата на телефото-објективи за зумирање толку посебна за мене во областа на пејзажната фотографија е можноста да најдам детали што се навистина уникатни - вели Вајдер. Тој бил изненаден од динамичниот пејзаж, кога забележал како лавата се отвора и ја испушта стопената карпа што била скриена внатре. Ова предизвикало нови форми кои обезбедија постојан извор на инспирација за Вајдер.
Вајдер поминал три дена на терен и резултатите се фасцинантни. Секоја фотографија е визуелно задоволство што ја истакнува изненадувачката разновидност на лавата. Бреговите и брановите на стврднување на лавата формираат различни текстури, додека вжештената лава сече низ визуелното поле. Фокусирајќи се толку внимателно на овој аспект на вулканот, Вајдер покажува дека природата може да произведе некои од најдобрите ликовни уметности.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Jank Erik Waider