На плажа во Корнвал, Велика Британија, се појави скулптура од лидерите на Г7 направена од електричен отпад.
Скулптурата во стилот на Маунт Рашмор била нарачана од компанијата за продажба на користена електроника „Мјузик мегпај“ и хуманитарната организација „Вејст ејд“ со цел да се подигне свеста за зголемениот електронски отпад на планетата.
Скулптурата била направена во близина на Самитот на Г7, а на неа се британскиот премиер Борис Џонсон, јапонскиот премиер Јошихиде Суга, претседателот на Франција, Емануел Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги, канадскиот премиер Џастин Трудо, германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на САД, Џо Бајден.
Само овие седум нации произведуваат околу 15,9 милиони тони електронски отпад годишно, пренесува Си-ен-ен.
Извор:
CNN
Фото: Instagram