Во август годинава силна експлозија во пристаништето на Бејрут го потресе целиот град. Над 200 лица загинаа во експлозијата, а повредени беа 6.500 луѓе.
Инцидентот се случи по речиси една година од започнувањето на протестите во Либан за промена на власта. Уметницата Хајат Назер, која учествувала во протестите, користела отпад од експлозијата во Бејрут за да направи скулптура во чест на жртвите од експлозијата.
Делото е само едно од повеќе скулптури што се инспирирани од протестите во Либан. Претходните скулптури на Назер биле уништени од провладини активисти, но тоа не ја спречило да продолжи со својот
уметнички активизам.
Нејзината последна скулптура од жена која гордо стои на пристаништето му го привлече вниманието на целиот свет. Скулптурата во моментов не се наоѓа на пристаништето за да се спречи нејзиното уништување, но Назер се надева дека ќе собере финансии за да направи поголема верзија од скулптурата посветена на оние што ги загубиле животите во експлозијата.
View this post on Instagram
She will be leaving the port in few days, as I am worried some government protestors might burn or destroy her like they did to the #Phoenix of the #Revolution in Martyr Square... I have to protect her for now, but I wish to create a much bigger replica that would be long lasting and to be hopefully located at the port, carrying items from people’s homes, and souvenirs from the people we lost at the explosion, with their names and memories, to stay, for future generations to come and see what happened to us on the 4th of August 2020... A memorial, a tribute for all of us who are traumatized here, this is a transformative art that aims at acknowledging the truth and the pain, to preserve the memories, but also to regain strength and rise again from our own ashes, to fight for the truth, for our dreams and future... We will never forget, never forgive.. but we will rise, carrying our own wounds and stories yet spreading positivity and change all over the world wherever we go... Maybe through #Art we can make the #Change we wish to see in this #World - Thanks to everyone of you who encouraged and inspired me, my public art is a blend of myself and everyone around me ❤️ so much Love Photo credit by @eliebekhazi
A post shared by ~ V ~ (@hayat_nazer_v) on
Назер, која работела во Обединетите Нации, но поднела оставка за да биде уметник, објаснува во интервју за „Мај модерн мет“ дека нејзината уметност е начин на изразување за неа. Таа создава уметност од отпадни материјали која е инспирирана од револуцијата што се случувала во Либан.
По експлозијата во Бејрут, Назер волонтерски им помагала на најпогодените лица. При чистењето на куќите на луѓето и улиците, таа собирала отпадни материјали кои не сакала да ги фрли, туку ги спакувала и ги чува во својата работилница. Потоа таа ја направила скулптурата од жената користејќи ги овие материјали.
Автор: Џесика Стјуарт
Извор:
mymodernmet.com
Насловна фотографија: Instagram