Фото: Reddit
Имињата на премиерите на европските држави се познати во пошироката јавност, но мал број луѓе знаат за нивното образование.
Еден картограф одлучил да направи мапа на Европа врз основа на образованието на шефовите на секоја европска држава и да ја сподели на социјалната мрежа „Редит“.
Најчестата професија помеѓу нив е правник (Шпанија, Португалија, Швајцарија, Белгија, Данска, Русија, Полска, Словенија, Унгарија, Чешка, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора). Покрај Летонија, Србија е единствената земја која на чело на владата има човек од областа на маркетингот и менаџментот.
Премиерот на Франција е дипломиран филозоф, премиерот на Холандија е историчар, додека на чело на извршната власт на Германија и на Романија се физичари. Интересно е тоа што премиерот на Шведска нема диплома,
премиерот на Италија е единствен со диплома по политички науки, додека само нашиот премиер и премиерот на Естонија се економисти.