X
 01.11.2016 Образование

Вештини кои треба да ги поседуваат идните лидери

Вештините за комуникација и понатаму остануваат на листата со карактеристики кои лидерите треба да ги поседуваат. Истовремено, нови вештини стануваат исто толку важни.

лидери


Овие три вештини ќе бидат најважни за лидерите што ќе сакаат да бидат успешни во работата и организациите:

Менаџирање со работна сила на далечина

Се повеќе се зголемува бројот на хонорарни работници и вработени со полно работно време што работат на одредена далечина од надредените. Во САД 35% од работната сила се хонорарци, а една студија покажала дека за наредните 4 години компаниите ќе се стремат да ангажираат повеќе хонорарци отколку вработени со полно работно време.

Предизвикот за следната генерација лидери е да одржат комуникација и силни врски со вработените иако не ги гледаат секој ден. Способноста да користат алатки за соработка или видео конференции е многу важна. Менаџирањето на работната сила на далечина мора да се усовршува со искуство и само читање на прирачник или посетување на  курс не е решение.

Користење на податоци за да се дојде до подобро решение

Сѐ поголем е бројот на компаниите што вработуваат лица за прибирање на податоци кои подоцна се користат за донесување на подобри одлуки во различни оддели во организацијата, од маркетинг до човечки ресурси. Како лидер мора да се осигурате дека имате пристап до голем број податоци, дека ги анализирате соодветните нешта и дека Вие или вашите соработници знаете како податоците да ги искористите за подобри стратегии. Вештините за решавање на проблеми и распределба на задачи се важни, но менаџирањето со податоци и нивната употреба ќе Ве однесе ниво погоре и ќе ви гарантира долгорочен успех.

Спојување на тимот со одделот за продажба

Следната генерација лидери ќе мора ефективно да ги анализира повратните средства од инвестициите на проектите. Одделот за продажба треба да прави подобри зделки и да ги прекине оние што не одат во прилог на компанијата. На пример, менаџерот за човечки ресурси  треба да работи со луѓето од одделот за продажба на одржливоста, продуктивноста и целокупниот придонес на вработените. Заштедата на компаниите неретко оди во прилог и на вработените преку бонуси, одреден вид на забава или друг вид на бенефит.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование