X
 12.06.2022 Забава

Оптичка илузија со која може да доживеете халуцинации

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа халуцинацијата? Одредени оптички илузии може да го измамат мозокот и да го доживее ова искуство. Во видеото подолу сликата која се движи го менува начинот на кој мозокот гледа на околината.

Тоа ветува дека оние што ќе го гледаат целото видео ќе видат како изгледа халуцинирањето, па затоа оние што се чувствуваат непријатно кога гледаат оптички илузии можеби треба да го одбегнат.

За да го доживеете целосното искуство, треба само да гледате во зелената точка во центарот на екранот и да дозволите илузијата да влијае врз мозокот.

Визуелната халуцинација се доживува по гледањето на видеото. Она што треба да очекувате да го видите е движење на предмети кои во реалноста не се движат.


Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава