X
 23.09.2023 Забава

Оптичка илузија покажува дали може да бидете лесно измамени

Едноставна визуелна загатка го привлекува вниманието на корисниците на „Тик-ток“ и на другите социјални мрежи. Видеото објавено на „Тик-ток“ тврди дека резултатите од тестот ја откриваат длабочината на нашата перцепција. Во видеото се прикажува подводна сцена, а од вас се бара да одговорите што гледате прво во кадарот.

Што гледате прво?


Фото: TikTok (printscreen)

Доколку прво ги забележавте рибите и нуркачите, вашата перцепција не е многу длабока, според видеото. Можеби често формирате мислење според првите впечатоци. Како што објаснува креаторот на видеото, овие луѓе често се рационални и логични, но можат да бидат подложни на измама. Нивното површно набљудување на светот околу нив може да влијае врз начинот на кој тие ги оценуваат луѓето според нивното надворешно однесување.

Оние што прво ги забележале човечките лица имаат длабока перцепција. Тие се креативни и ги забележуваат деталите кои другите луѓе ги пропуштаат. Нивната интуитивност им овозможува лесно да ги прочитаат емоциите и да ги разберат вистинските лица на луѓето. Тие можеби поседуваат уметнички таленти и изразуваат уникатни идеи. Овие луѓе често не се плашат да ги споделат своите идеи, но може да се чувствуваат неразбрани од другите.

@psychologylove100 What do you see first? #psycologytest #whatdoyousee #psycologytricks #psychology ♬ original sound - Psychologylove


Извор: Studentski
Насловна фотографија: TikTok (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава