X
 29.05.2022 Забава

Оптичка илузија со автомобил ги воодушеви интернет-корисниците

Фотографирањето со „ајфон“ измина долг пад од лансирањето на првиот модел во 2007 година. Но, не мислевме дека леќите на неговата камера се способни за магија, сè додека не ги погледнавме овие неверојатни фотографии на „Тик-ток“.

Ентони Шмит собра значителен број следбеници на платформата, па дури и извршниот директор на „Епл“, Тим Кук, е обожавател. Тајната на неговите прекрасни фотографии од автомобили е дека тие не се вистински автомобили, туку играчки.

avtomobili
Фото: Anthony Schmidt

Користејќи „присилна перспектива“ (која користи оптичка илузија за да направи објектот да изгледа подалеку, поблиску, поголем или помал отколку во реалноста), и позиционирајќи ги во реална околина, Шмит прави играчките-автомобили да изгледаат како вистински.

@anthonyschmidtphotos 14 year old Anthony’s latest photoshoot #saab #carphotography #autismacceptance #photography #fyp #carculture #cars #artist #carphotographer #autism #shotoniphone ♬ Gasolina - Daddy Yankee
14-годишниот Шмит веќе објави книга со своите фотографии насловена како „Мали автомобили, голема инспирација“, опишана како извонредна приказна за еден млад човек од спектарот на аутизам кој наоѓа страст во собирањето и фотографирањето модели на автомобили.


Извор: Creativebloq.com
Фото: Anthony Schmidt
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава