На пазарот се појавија шишиња со капачиња што тешко се отстрануваат. Капачињата повеќе не можат да се одвојат како порано, туку се поврзани со пластичен прстен обвиткан околу врвот на шишето со малку поцврст пластичен конец. Зошто се одбра такво решение?
Станува збор за директива на Европската Унија чија цел е да се зголеми рециклирањето на пластиката. Се работи за нешто што е одамна изгласано.
Фото: Freepik
Во мај 2018 година Европската Унија објави нова директива за тоа како да се постапува со пластични производи за еднократна употреба. Според оваа директива, меѓу другото, пијалаците може да се продаваат во пластични шишиња само доколку капачето остане закачено на шишето. Директивата беше изгласана на 5 јуни 2019 година, а производителите имаат обврска целосно да ги приспособат своите производи до декември 2024 година.
Оваа директива, исто така, забранува пластични производи за еднократна употреба каде што се можни алтернативи, како прибор за јадење, чинии, сламки итн.
Според податоци од Европската комисија, Европејците произведуваат 25 милиони тони пластичен отпад секоја година, но помалку од 30 отсто од тој отпад се собира за рециклирање.
Извор:
Index
Насловна фотографија: Freepik