Доколку видите 120 пластични шишиња како паѓаат од небото, веројатно би биле загрижени. Што толку тој број го помножите со милион?
Според ново истражување, тоа е количеството микропластика кое паѓа на само 11 национални паркови и области во САД годишно. Само во овие региони паѓаат над 1.000 тони пластика во една година. Некои делови од пластиката се толку мали што не може да ги видите, но некои може да ги вдишите.
Фото: Freepik
Авторите на истражувањето предупредуваат дека 11 милијарди тони пластика ќе се соберат во атмосферата до 2025 година. Тимот истражувачи собрале примероци од воздух и дождовница од 11 локации во западниот дел од САД и откриле големи количини микропластика кои паднале во дождот и биле носени во ветерот.
Дури 98% од примероците кои ги собирале во текот на годината содржеле мали, понекогаш микроскопски делови пластика. Најмалите делови биле оние кои биле носени од ветерот, додека поголемите најчесто биле најдени во водите.
Фото: Freepik
Една од карактеристиките на пластиката поради која таа се смета за корисна сега се покажува како најмногу проблематична. Таа е толку еластична и долготрајна што не може да се ослободите од неа, без разлика дали станува збор за пластика во пакување за храна, шише или нешто трето. Еден пластичен предмет може да се трансформира во безбројни делови микропластика. Ваквите делови пластика завршуваат во реките, а некогаш во морето, пустината и на крајот во исхраната.
Секој дел помал од околу 5 милиметри се смета за микропластика. Помалите делови се наречени нанопластика кои може да завршат во нашата исхрана преку морските животни. Не е јасно колкава е штетата за
здравјето на луѓето од овие мали делови пластика, а досегашните истражувања покажале дека се забележува негативно влијание само кога има голема концентрација на пластика.
Автор: Шон Флеминг
Извор:
weforum.org