Питер Ротбарт студирал на Универзитетот на Мичиген на почетокот од веков. Тој живеел на универзитетскиот кампус во близина на населба во која биле сместени многу студенти.
Како што пишува тој за „Бизнис инсајдер“, на крајот од секоја академска година населбата била полна со камиони за селење на студентите. Голем дел од предметите на студентите не можеле да бидат спакувани и биле оставани на влезните врати и на паркинзите, а некои биле фрлани во контејнерите.
Ротбарт добил идеја да ги продава овие производи откако видел фрлена книга за која тој платил 100 долари. Под неа имало и други книги во добра состојба. Ротбарт ги зел книгите и ги продал во студентска книжарница и на „Амазон“.
Фото: Pixabay
Веќе следниот ден тој почнал да ги проверува контејнерите и кантите за ѓубре барајќи вредни предмети, како мебел, облека, електронски уреди и книги. Тој го правел ова до крајот на студирањето и заработувал од продажбата на предметите.
Ротбарт открива дека во тоа време заработувал околу 50 долари на час, а еднаш продал функционален компјутер за 1.000 долари. Меѓу повеќето чудни пронајдоци, Ротбарт пронашол и касичка за штедење во која имало 500 долари.
Вели дека ова искуство го научило како да ги проценува предметите што ги купува и да препознае кога нешто навистина му е потребно.
Извор:
Business Insider
Насловна фотографија: Pixabay