X
 26.06.2019 Наука

На бреговите на овој остров се формира пластична кора

По три години откако екологот Игнасио Гестосо првпат забележал кора на карпи прошарана со сина боја на бреговите на Мадеира, тој и неговите колеги се вратиле на португалскиот остров и откриле дека кората се проширила и сега покрива околу 10 отсто од површината на карпите и има повеќе бои.

Преку хемиската анализа на примероците, тимот утврдил дека кората е направена од честиот пластичен полиетилен, што значи дека откриле целосно нова форма на загадување со пластика. Загадување кое може да е уште потрајно од она што го ловиме во океаните.

Тимот на Гестосо објави студија за ова загадување, кое го нарекува „пластикора“.

Во едно интервју Гестосо истакнува дека пластичната кора веројатно се формирала кога брановите ги удирале пластичните парчиња од карпите на брегот, што резултирало со закорување на пластиката во карпата на сличен начин како што се случува со алгите или лишаите.

Тимот не е сигурен дека феноменот е ограничен на Мадеира или дали може да се најде на друго место. Но, она што го знаат е дека пластичната кора е вознемирувачка за најмалку еден локален вид, а тоа е вид на морски полжав, кој изгледа дека задоволно си ги јаде алгите на врвот на пластиката.

Ова поттикнува прашања за тоа дали видот ја апсорбира и пластиката, а тимот на Гестосо се надева дека во иднина ќе може да даде одговор и на тоа прашање.
Подготвил: Билјана Арсовска

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука