X
 17.05.2017 Технологија

Апликации кои премногу ја трошат батеријата на вашиот телефон

Некои апликации за Андроид трошат повеќе батерија. Меѓу таквите се најчесто најпопуларните апликации.

Тој проблем може да се реши ако корисниците не ги оставаат апликациите во позадина, кога не ги користат. Ова е листата на апликации кои најмногу ја трошат батеријата.

1. „Snapchat“

Оваа апликација е на врвот на листата. Можете да ја вклучите опцијата „Travel“, која спречува претходно вчитување на фотографии и видеа. Можете и да го исклучите следењето на локацијата.

2. „Tinder“

Можеби со оваа апликација ќе пронајдете партнер, но тоа ќе ве чини празна батерија. Апликацијата постојано ја следи вашата локација и ги освежува информациите на основа на собраните податоци. Едноставно исклучете ја апликацијата кога не ја користите.

3. „BBC News“ (или било која апликација за вести)

Подобра опција можеби за следење на вести е „Twitter“, бидејќи сите медиумски куќи се присутни на платформата и се прилично активни.

4. „Microsoft Outlook“

Овие апликации за Андроид обично не се меѓу првите за трошење батерија, но „Outlook“ е бескорисен ако не се освежува во позадина. Исклучете ги известувањата за електронска пошта, а и „Gmail“ ви е подобар избор.

5. „Facebook“ и „Messenger“

Инсталирајте „Facebook Lite“ и „Messenger Lite“, верзии кои користат помалку податоци, ресурси и енергии.

6. „Amazon Shopping“

Избришете ја оваа апликација, бидејќи не е најдобро оптимизирана за Андроид, па ја троши батеријата повеќе отколку што е потребно. Користете ја веб страницата наместо апликацијата.

7. Веќе инсталираните апликации на уредите „Samsung“

Поголемиот дел од овие апликации не се ни користат, но тие функционираат во позадина и ја трошат батеријата. Најпроблематични се „Samsung Link (или AllShare)“, „Beaming Service for Samsung“ и „WatchON“. Не можете да ги избришете, но можете да ги изгаснете, така што ќе отворите „Settings“, па „Applications“, „Applications Manager“ и потоа „All“, па ќе изберете „Samsung Link app“. Исклучете ја опцијата „Show notifications“, па кликнете на „Clear Data“ и потоа „ Disable“. Повторете ја постапката за сите апликации.

8. „Musical.ly“

Преземете ја верзијата „musical.ly lite“ или пробајте апликација како што е  Alternativno,  „Dubsmash“.

9. „YouTube“, „Netflix“ и др.

Навистина се троши премногу енергија со овие апликации, заради постојаниот пренос на податоци.

10. „LionMobi Power Battery“ и „CleanMaster“

Иронично, овие апликации за оптимизација на работата на батеријата се меѓу најголемите потрошувачи на батерии. Отстранете ги и можете да ги замените со апликација како што е „Greenify“, која ја спречува работата на апликациите во позадина кога не ги користите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија