Од паметни куќни апарати до поврзани серии, потрошувачите сè повеќе ги прифаќаат предностите што ги нуди „Интернетот на нештата“ (IoT). Иако вниманието главно се посветува на потрошувачките и деловните
IoT апликации, многу луѓе остануваат несвесни за позитивните и општествените промени што ги носи тоа, како и начинот на кој го менува општеството, опкружувањето и синџирите на исхрана, на подобро.
Следење и намалување на загадувањето на воздухот
Градовите во светот се одговорни за создавање околу 70 проценти на ефектите на стаклена градина, и покрај тоа што сочинуваат околу 2% од површината на земјата. Секоја година повеќе од три милиони луѓе умираат од загадениот воздух. За да се промени тоа, градовите во својата структура вклучуваат сензори и направи кои се придвижувани од IoT за да го следат квалитетот на воздухот, како тие информации ги користат за да создадат нови урбани сервиси кои можат да го намалат задушувањето во сообраќајот и загадувањето од него.
На пример, градот Линц во Австрија ги поврза трамваите и автобусите со IoT. Повеќе од 500 различни сетови информации, вклучително и информациите за користење енергија, забрзување, забавување и исправност на опремата, се собираат од секој трамвај или автобус, и се презентираат во градскиот центар за менаџмент на сообраќајот. Експертите за менаџмент на сообраќај ги користат овие информации за да ги обучат луѓето да бидат поефикасни при возењето. Како резултат на тоа, градот ја намали потрошувачката на енергија во јавниот превоз за 10 проценти, како и присуството на јаглероден диоксид за повеќе од 490 тони.
Подобрување на заштитата на водата
Градовите исто така ја користат IoT технологијата и за да ја зачуваат водата. Барселона го вклучи паметниот систем за наводнување базиран врз IoT, кој користи подземни сонди поставени низ парковите во градот за да ја надгледуваат влажноста на земјиштето.
Овие уреди, кои се набљудуваат од далечина, ги испраќаат информациите во клауд-технологија, и можат автоматски да ги вклучат електронските вентили кои ги заливаат парковите само кога е потребно и кога се поволни временските услови. Резултатите од тоа се дека и потрошувачката на вода и општинските сметки за вода се намалиле за 25%.
Исхрана
Додека светската популација расте, површината на обработливото земјиште на планетава се намалило за 33 проценти. Сушите се сè почести, но и бројот на земјоделци во САД се намалува. За да се решат овие проблеми, земјоделците бараат решенија од IoT. Преку инсталации на сензори во воздухот и во земјиштето, земјоделците можат да ја следат микроклимата низ нивите, внимателно следејќи ги температурата, влажноста на воздухот, но и другите услови. Во текот на последните суши во Калифорнија, зeмјоделците што ги користеле ваквите решенија ја намалиле потрошувачката на вода за 40 проценти без намалување на приносите.
Други земјоделци користат дронови, роботи, обработка во облак, машинско учење и други технологии поврзани со IoT за да го подобрат садењето растенија, како и процесите на производство и испорака. Во Калифорнија некои земјоделци користат автоматизација и роботи кои берат и пакуваат боровинки за да го покријат недостигот на работна сила и за поефикасно да го „нахранат“ светот.
Спасување на загрозените видови
IoT не се користи само за поврзување на уредите, сензорите и машините со интернет – имено, и други живи суштества можат да бидат поврзани, на пример, пчелите. Пчелите се главни опрашувачи на растенијата, но нивниот број забрзано се намалува. Интернационалното здружение на научници и истражувачи работи на овој проблем, собирајќи податоци за пчелите со користење „микросензинг“ технологија. Истражувачите користат електронски читачи за да го следат однесувањето на поединечни пчели со тоа што им поставуваат минијатурни ранци кои користат радиофреквенција за распознавање. Оваа технологија забележала непоимливо детални податоци за тоа како се движат пчелите, кои фактори влијаат врз нивната способност да шират полен, но и врз нивните болести, пестициди, загадување на воздухот и водата, како и екстремно високите температури.
IoT технологијата се користи за борба против ловокрадците на носорози во Јужна Африка. Користејќи софистицирани технологии, Националниот парк „Кругер“ може да ги надгледува и да ги следи луѓето што влегуваат и излегуваат од резерватот.