X
 03.04.2021 Здравје

„Гуглањето“ симптоми сепак не е толку лоша идеја, покажува ново истражување

Доколку пребарувате дијагнози врз основа на симптоми на „Гугл“, вашата претпоставка може да се покаже како точна, посочува ново истражување.

Истражувачи од болницата „Бригам енд вимен“ и медицинскиот факултет при „Харвард“ откриле дека луѓето почесто им даваат точни дијагнози на најблиските по барање на симптомите онлајн отколку кога се обидувале да постават дијагноза пред онлајн-пребарување. Освен тоа, испитаниците во истражувањето повеќе не биле анксиозни поради резултатите од нивното пребарување и можеле добро да проценат дали итно треба да побараат медицинска помош или може да почекаат.

- Нашата работа покажува дека веројатно е во ред да им кажуваме на пациентите да „гуглаат“ симптоми - изјавил доктор Дејвид Левин, автор на истражувањето.


Фото: Pixabay

Во истражувањето учествувале 5.000 лица кои требало да прочитаат студија на случај со повеќе симптоми и потоа да постават дијагноза. Испитаниците потоа ги пребарувале симптомите онлајн и поставиле подобра дијагноза отколку во претходниот случај.

Во истражувањето испитаниците требало да замислат дека поставуваат дијагноза за блиска личност, а не за себеси.

Откритијата се спротивни на она што медицинските лица го советуваат, а тоа е да не се поставуваат дијагнози со пребарување на интернет. Пребарувањето на симптомите навистина може да предизвика анксиозност и да доведе до поставување погрешна дијагноза.

Освен тоа, едно истражување покажало дека само околу една третина од веб-страниците што нудат информации за дијагнози и третмани се појавуваат први при пребарувањето.

Автор: Келси Сандовал
Извор: insider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје