X
 22.11.2016 Живот

Колку трае правилното миење на рацете?

Непочитувањето на основните хигиенски правила, меѓу кои и она за миењето раце, доведува до зголемување на инфекциите и отпорноста кон антибиотици, предупредиле од британското министерство за здравство.


Докторката Џина Редфорд тврди дека сите би требале да ги миеме рацете 45 секунди. Нејзината колешка пак Сали Дејвис, која во британското министерство за здравство го добила прекарот „главна дадилка“ заради нејзината строгост, неодамна на Британците им дала упатства со кои би си ги подобриле хигиенските навики и општото здравје.

„Не пијте чаеви и алкохол, не барајте храна во фрижидерот на секои 5 минути и од автобусот симнете се една станица пред онаа што ви била планирана. Така ќе се натерате себеси повеќе да се движите“, советувала Дејвис.

Истражувањата покажале дека поголемиот дел британци не ги мијат рацете по излегувањето од тоалетот, а оние кои ги мијат не користат сапун. Експерите сметаат дека важно е миењето на рацете да трае најмалку 30 секунди. Научниците неодамна предупредиле дека отпорноста на бактериите толку е зголемена што здравствениот систем се враќа во 19-от век и на човештвото му се заканува во иста мера како и тероризмот.

Само минатата година околу 50 илјади луѓе во Европа и САД починале од инфекција, која не можеле да ја излечат со антибиотици.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот