X
 12.07.2024 Образование

УКЛО го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2024/2025 година

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2024/2025 година.
Според Конкурсот, на УКЛО има места за 2.404 нови студенти. Од нив 1.309 се во државна квота, преостанатите 679 и 416 се наменети за кофинансирање и вонредни студии.

Пријавувањето во првиот уписен рок е од 26 до 30 август, вториот на 13 и 16 септември, а третиот на 24 септември 2024 г.

За сите заинтересирани посебно се нагласува новата можност за студентите што произлегува од членството на УКЛО во Европската универзитетска алијанса. Како студенти на УКЛО ќе станат еден од 120.000 студенти и млади луѓе во КОЛОРС алијансата.

Имено, УКЛО е првата македонска високообразовна институција дел од Алијанса финансирана од Европската комисија, со почитување на европски вредности, мобилности и избор на предмети, а наскоро и на деветте КОЛОРС универзитети и со можност за двојна диплома.

УКЛО ги стимулира и најдобрите кандидати. На секоја единица на Универзитетот, од сите студиски програми заедно, на трите најдобро рангирани кандидати, со највисок број поени, во квотата на примени редовни студенти, ќе им бидат рефундирани средствата од плаќање партиципација за првиот семестар од првата година на студии.

За успешна реализација на Конкурсот, Ректорската управа на УКЛО донесе посебно Упатство за реализација на Конкурсот и формира Универзитетска конкурсна комисија.

ТУКА може да го прочитате целиот Конкурс, да видите кои документи ви се потребни за упис и колку слободни места има на секој факултет/виша школа.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование