Играта Мајнкрафт во Северна Ирска ќе биде дадена во средните училишта како дел од проект во организција на годишниот фестивал CultureTECH, финансиран од Министерството за култура и уметност.
Популарната игра ќе биде доставена до 200 училишта и 300 библиотеки и организации во земјата, а сите тие ќе добијат кодови за преземање на MinecraftEdu, образовна верзија од играта.
Создадена во 2011 година, од страна на шведското студио Mojang, Мајнкрафт е продадена во повеќе од 60 милиони примероци на компјутери, паметни телефони, таблети и конзоли. Играта им овозможува на играчите бесплатно да истражуваат, градат објекти и да бараат минерали од кои би можеле да бидат направени корисни предмети.
Играта за брзо време добие пофалби за нејзиниот образовен потенцијал, нудејќи им на децата релевантен начин за учење на архитектура, земјоделство и обновливи извори на земјата. За брзо време играта започна да се појавува на компјутерите на наставниците низ целиот свет.
„Нивото на ангажирање во играта е нешто што прво ќе го забележите“, вели Марк Нагурски, главен извршен директор на CultureTECH. „Ова е нешто во кое децата уживаат. Доколку сте во можност да го искористите нивниот ентузијазам, енергија и креативност, тогаш ќе заокружите една доста значајна можност за учење“, додава тој.
Брзо време после објавувањето на Мајнкрафт, програмерите за развивање на образовни игри во Америка и Финска, ја формираат компанијата TeacherGaming со цел да создадат образовна верзија, полна со алатки за учење и хостинг сервер кој ќе овозможи лесно поврзување меѓу учениците на различни машини.
TeacherGaming тврди дека образовната верзија на Мајнкрафт веќе се користи од 3.000 наставници во стотици училишта од целиот свет, на часови од различни полиња - од јазици до историја на уметност.
Во 2013 година, едно шведско училиште ја направи играта задолжителен дел од својата програма.