Проф.д-р Сашо Коруновски избран за нов ректор на Битолскиот Универзитет.По истекот на двата мандати на досегашниот ректор д-р Златко Жоглев, на денешната седница на Сенатот сенаторите му ја дадоа довербата на проф.д-р Коруновски.
Прф.д-р Сашо Коруновски победи во вториот круг од гласањето каде негов против кандидат беше проф. д-р Јованка Тутеска од Високата медицинска школа-Битола и од Научниот институт за тутун-Прилеп. Коруновски досега беше декан на Факултетот за туризам во Охрид.
Според статутот, ректорот на Универзитетот има мандат од четири години.