X
 12.07.2024 Технологија

Зошто на гејмерите им требаат дискови со голема брзина?

ССД-дисковите станаа стандардни, а секој корисник на компјутер кој ја доживеал оваа генерациска промена не сака да се врати на хард дисковите. Ова е особено точно ако сте користеле кружна плоча за да го стартувате оперативниот систем, бидејќи тука разликата е највидлива. Со ССД дисковите системите работат побрзо и поефикасно, што е забележливо дури и при подигнување на системот. Затоа, со години е вообичаена практика системот да се инсталира на ССД диск, а хард дискот да се користи за складирање датотеки или игри. До тоа дојде поради високите цени и малите капацитети на ССД-дисковите. За среќа, поради зголемената побарувачка, производителите одговараат на очекувањата на потрошувачите.

Денес, ССД дисковите не само што се побрзи, туку и не се разликуваат од ХДД дисковите по капацитет. Со можност за складирање податоци до 4 ТБ, погонот 990 ПРО НВМе на „Самсунг“ ги задоволува потребите на најпребирливите корисници. И играчите се дел од таа група, особено што игрите стануваат сè покомплексни и заземаат сè повеќе простор. Додека ХДД дисковите изгледаат како попримамлив и попристапен избор, вреди да се напомене дека за најголемите наслови, врвните издавачи наведуваат ССД-уред како минимален услов.

Кој ССД диск е најдобар за гејмерите?

При изборот на диск, важно е да се земе предвид брзината бидејќи тоа влијае врз многу аспекти на играта. Најзабележлива разлика е времето на вчитување на играта, а тестовите јасно потврдуваат дека оваа разлика е огромна. Ако користите ССД 990 ПРО со секвенцијална брзина на читање до 7450 МБ/с, можете да очекувате големи подобрувања во перформансите на играта. Друга придобивка од користењето побрз погон, иако често не се забележува веднаш, е подобрувањето на перформансите во однос на сликите во секунда. Ова е особено точно за игри со големи, отворени светови кои се потпираат на богата разновидност на локации и реален визуелен стил.

Има и многу помали придобивки од ССД-дисковите за гејмерите. Инсталирањето игри е многу побрзо, што е исклучително важно кога сакате да пробате неколку наслови за краток временски период. Друга предност на погоните со голема брзина е заштитата од ненадејни падови на перформансите, што е важно во игрите со повеќе играчи, каде што секоја секунда може да се брои. Покрај тоа, со поголем погон, играчите можат побрзо да го изберат својот омилен лик. Ако сакате да изградите вистинска опрема за игри, ќе ви треба погон со дополнително ладење, а ладилникот 990 ПРО на „Самсунг“ е совршен за тоа, бидејќи доаѓа со стилска футрола со заднинско осветлување, што се удвојува како ладилник.

Брз и голем погон за „плејстејшн 5“


Се разбира, горенаведените предности не се однесуваат исклучиво на персоналните компјутери. Споменатиот модел е целосно компатибилен и со конзолата „плејстејшн 5“. Дополнителен ладилник е добредојден кога вашиот компјутер ќе почне да се загрева.

Конечно, брзиот ССД диск не само што ќе го подобри вашето работно искуство, туку и вашето искуство со игри. Пократко време на вчитување, поголем капацитет за складирање, подобри перформанси, без пад на сликите во секунда и дополнителни слики во секунда - ова се предности што секој гејмер ќе ги цени.

Извор: ictbusiness.info

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија