X
 03.02.2017 Образование

Компјутерите придонесуваат да се заборави на вештините за пишување

Од истражувања што се вршеле во САД за задачи, тестови и есеи што ги прават учениците на компјутер, се дошло до заклучок дека постои голема разлика споредено со резултатите на оние што се пишувани рачно пред неколку години.

девојче


Оние ученици што имале високи оценки, составувале уште подобри реченици и одговарале уште подобро на задачите, а оние со пониски оценки имале полоши резултати. Вторите доаѓале обично и од посиромашни семејства и имале потреба за подобрување на вештините за пишување на компјутер и соодветните програми.

Едно истражување покажало дека возрасните добиваат повеќе информации кога прават белешки на хартија, отколку на компјутер, а друго дека кога се пишува на хартија мозокот е поактивен отколку кога се пишува на компјутер.

Важно е да се постави прашањето колку се придонесува за развојот на децата со тоа што се поедноставуваат некои нешта. Време е да се запрашаме дали е нормално да се нагласуваат вештините кои се пред основните и природните и кои би требало да останат споредни или дополнителни?
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование