X
 24.03.2020 Здравје

Најбрзиот суперкомпјутер во светот откри 77 потенцијални третмани за коронавирус

Научниците неодамна го искористија најбрзиот суперкомпјутер во светот за да пронајдат третман кој би помогнал во борбата со коронавирусот. Суперкомпјутерот наречен „Самит“, сместен во Тенеси, САД, пронашол 77 третмани што би можеле да го спречат ширењето на коронавирусот во телото.

Според истражувањето во кое била направена анализата, суперкомпјутерот би можел и да им помогне на научниците да развијат вакцина за вирусот.


Фото: Pixabay

- Нашите резултати не значат дека го најдовме лекот или третманот за коронавирусот - појаснува Џереми Смит, директор на лабораторијата во која е сместен суперкомпјутерот.

Смит додава дека научниците се надеваат дека откритијата добиени со помош на суперкомпјутерот би биле корисни за идните истражувања и ќе претстават рамка која ќе се користи во идните експерименти.

За да ги најде потенцијалните третмани за коронавирусот, суперкомпјутерот барал состојки кои би можеле да се спојат со протеинот од вирусот со чија помош вирусот ги заразува клетките. Понатаму би можело да се спречи ширењето на вирусот со оневозможување на протеинот.


Фото: Pixabay

Истражувачите направиле и симулација за начинот на кој честичките во протеинот на вирусот би реагирале на различни состојки што се користат за лековите. Тимот добил листа од 77, од кои седум третмани имале најголеми шанси дека би биле корисни во борбата со коронавирусот.

Автор: Виктор Тангерман
Извор: futurism.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје