X
 15.03.2016 Технологија

Кратенки на тастатурата кои ќе ви ја олеснат работата на компјутер

Ви нудиме неколку трикови и кратенки на тастатурата кои можат да ви ја поедностават секојдневната работа на компјутер.

 

компјутер


1. „Маркирајте“ нешто (Bookmark) - Означете ја вашата омилена страна кога се наоѓате на странта со притискање Ctrl+D

2. Избришете засекогаш - Ако сте сигурни дека сакате да избришете некој документ, обележете го и притиснете Shift+Delete

3. Затворете го пребарувачот - Alt+F4

4. Прикажување на десктоп
- Ако имате многу отворени прозорци и документи во истиот момент, а важно ви е да одите на десктоп, стиснете го симболот на Windows на тастатурата +D

5. Пронајдете фолдери и документи - Притиснете го симболот на Windows+F

6. Зумирање - Ctrl+скролањето со глувчето (зависно од тоа дали сакате да ја зголемите или намалите страната или буквите).

7. Отворете ја претходната страна -
Ако случајно сте ја затвориле страната, а не сте сакале, притиснете Ctrl+Shift+T

8. Префрлете се од една програма на друга - Аlt+Space

9. Сликање на страна (Screen shot) - Стиснете Print Screen на тастатурата (копчето е обележано PrtSc) и ставете ја сликата на празен документ во Word, Paint или Photoshop.

10. Освежете ја страната - Притиснете F5 или Ctrl+R. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија