Човечкиот вид остави трага скоро на секој агол на Земјата, но авантуристите и понатаму посакуваат да посетат неоткриени места.
Мир и спокој може да се пронајде за време на прошетката на Доломитите или веслање кану во Шведска, но и таму цивилизацијата е оддалечена на само неколку километри.
Прашањето што ги интригира научниците е дали постои место на Земјата што е толку оддалечено и непристапно, што досега никој не го забележал?
Географијата има соодветен термин за овие места - непристапни полови, за кои се смета дека се географски конструкции.
-Непристапен пол означува место до кое е најтешко да се пристигне поради оддалеченоста од географските форми што би можеле да овозможат пристап до истото место - објаснуваат отсекот за географија при калифорнискиот универзитет во Санта Барбара.
Половите на непристапност се континентални или океански точки. Континенталните полови се делови од копно најоддалечени од брегот. Така на пример, Евроазискиот пол на непристапност се наоѓа во пустина на северозападот од Кина, на границата со Казахстан. Неговиот океански еквивалент е Поинт Немо што се наоѓа во јужниот Пацифик, точка оддалечена речиси 2.700 километри од најблиското копно - островот Питкаирн.
Најоддалечениот остров во светот е ненаселениот Буве, што се наоѓа на југот од Атлантскиот Океан, и припаѓа на Норвешка од 1930 година. За жал, овој остров нема многу што да им понуди на авантуристите што сакаат да избегаат од цивилизацијата. Поради лошите временски услови, островот е дом на лишаи, мов и габи што растат на неговите делови што не се покриени со мраз. На островот живеат и албатроси, кралски пингвини и други птици што поднесуваат ниски температури.
Тогаш, дали постои место на кое човек сѐ уште нема стапнато?
-Човечкиот вид ја измени Земјата и остави трага скоро на секое место - вели Рајнхолд Ленфелдер, геобиолог од Универзитетот во Берлин.
Дури и на Немо постојат
траги од цивилизација - во форма на микропластика.