X
 12.08.2022 Живот

Зошто е добро да плачете на тажен филм?

Тажните филмови веројатно се последната работа што би сакале да ја гледате сега. Но можеби би требало да го сторите тоа бидејќи според истражувањата, искреното плачење може да биде здраво.

Научниците велат дека лицата кои плачат на емотивни сцени во филм се емоционално постабилни, посилни, подруштвени и повеликодушни. Повременото гледање на ваквите филмови може да делува како терапија. Околу 60-70 отсто од гледачите се чувствуваат подобро по плачењето на тажен филм.

Дали се сеќавате на цртаниот филм „Бамби“? Веројатно повеќето од нас плачеле на сцената кога Бамби останува без мајка. Некои цртани филмови ни останале во сеќавање само поради можноста да ги расплачат и најтврдите срца.

Гледањето филмови е начин на преживување на туѓите емоции, а тоа може да биде здраво, велат научниците.


Извор: Dnevnik
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот