X
 23.04.2022 Живот

Погледнете каква обука за воен пилот поминал Том Круз за продолжението на филмот „Топ ган“

Актерот Том Круз е познат како зависник од адреналин кој ги снима своите акциони сцени без каскадери, а сега открива како изгледал тешкиот процес на обука за неговиот нов филм „Топ ган: Маверик“.

Неговото враќање во улогата на легендарниот Маверик му овозможи акробациите да ги подигне на повисоко ниво. Но, не само што 59-годишниот Круз требаше да биде подготвен за летање, туку и неговите колеги требаше да научат сè за борбените авиони. Само неколку недели по дебито на филмот, новото видео ја прикажува лудата обука на воен пилот низ која поминале актерот и актерската екипа од „Топ ган“. Во видеото, Круз објаснува како тој и неговите соработници стекнале искуство за нивните улоги кои ѝ пркосат на гравитацијата.

- Работевме со школата за морнарница за да научиме како да пукаме - вели Круз. Обуката за летање траела три месеци и била потребна за снимање реални сцени од воздушни борби. Креирањето и спроведувањето на планот за обука му биле препуштени на Том Круз.

- Том ја дизајнира оваа сеопфатна обука за воени пилоти за сите актери. Маверик се врати! - вели актерката Моника Барбаро. На снимката се гледаат Мајлс Телер, Глен Пауел, Моника Барбара, Грег Тарзан Дејвис, Џеј Елис и други ѕвезди како летаат со борбени авиони. Круз рече дека создале предизвикувачка подводна програма која симулира како да се симнете од авион ако слета во вода.

- Горд сум на она што го постигнавме. Сите се извонредни - изјави Круз.

- Сите мислеа дека е невозможно актерите да се наоѓаат во авионите. Но, тоа е подарок што ни го даде Том Круз за кога ќе бидеме горе, да можеме да издржиме - изјави Мајлс Телер.

Филмот првично требаше да се појави во кината на 12 јули 2019 година, но поради неколку фактори, меѓу кои и пандемијата, доживеа неколку одложувања. „Топ ган: Маверик“ овој пат пристигнува во кината на 27 мај.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот