Кој е најлут во Европа, а кој е под најголем стрес и на кое место се наоѓаат Македонците?

Кој е најлут во Европа, а кој е под најголем стрес и на кое место се наоѓаат Македонците?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Истражување спроведено од „Галуп“ за 2024 година донесе интересни податоци за жителите на Европа.

Имено, истражувањето Извештај за глобалните емоции (англ. Global Emotions Report) откри колку често се лутат жителите на различни европски земји, а колку од нив секојдневно се под стрес.

Кога станува збор за гневот, тој е поизразен во Турција, каде 34 отсто од населението признава дека се чувствува луто секој ден. По нив сме ние Македонците, а податоците покажуваат дека 26 отсто од нас секојдневно чувствуваат гнев. По нас следуваат Албанците и Црногорците (24 отсто), Шпанците (23 отсто), Украинците и Чесите (22 отсто).

Жителите на Босна и Херцеговина се наоѓаат веднаш по жителите на Чешка со 21 отсто, 13 отсто од жителите на Србија се лутат секој ден, а само 9 отсто од Хрватите признаваат дека секојдневно чувствуваат лутина. Во просек, жителите на Финска и Естонија чувствуваат најмалку лутина (7 отсто).

Според податоците за секојдневниот стрес, Турците повторно се на прво место, а извештајот наведува дека дури 58 отсто од нив секојдневно чувствуваат стрес. Сепак, првото место го делат со жителите на Грција. По нив следат Малтежаните, меѓу кои 55 отсто од жителите секојдневно чувствуваат стрес.

Најмалку стрес имаат луѓето во Данска, каде што само 18 отсто од жителите се чувствуваат под стрес секој ден. По нив следат Русија (20 отсто) и Молдавија, Литванија и Полска (22 отсто).

Босна и Херцеговина и соседните земји се во опсег од 24 до 27 отсто од населението кое секојдневно чувствува стрес, и тоа: Босна и Херцеговина и Хрватска (27 отсто), Србија (25 отсто) и Црна Гора (24 отсто).

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik