X
 19.11.2023 Живот

Едноставна активност го намалува стресот исто како медитацијата

Кога мислиме на начини за намалување на стресот, најчесто тоа се вежбање и медитација. Овие методи функционираат за некои луѓе, но не се единствените техники за намалување на стресот. Во последниве години боенките за возрасни се популарно хоби за релаксација.

Истражување покажува дека боењето навистина може да биде ефикасен метод за намалување на стресот и подобрување на благосостојбата. Истражувачите велат дека боењето е лесен начин за намалување на анксиозноста и премореноста, особено кога лицето се фокусира на дадениот момент и обрнува внимание на она што се случува во моментот.

Боењето функционира на сличен начин како медитацијата доколку сакате да се фокусирате на дадениот момент и да ја намалите анксиозноста. Резултати од експерименти на испитаници покажале дека боењето доведува до намалување на анксиозноста и им помага на луѓето да бидат подобро фокусирани потоа.

Истражувачите направиле дополнителни експерименти за да ги споредат ефектите на медитацијата и боењето и забележале дека двата метода се еднакво ефикасни во намалувањето на анксиозноста и зголемувањето на фокусот.

Доколку сакате да се обидете со оваа техника, научниците имаат неколку совети. Според нив, најдобро е да се бои во тивко и удобно место каде што ќе може да се фокусирате само на таа активност. Тие посочуваат и дека е подобро да се користи помалку бои и да се бојат апстрактни слики кои ќе ви помогнат да се фокусирате на активноста.

Додека боите, следете ги мислите. Доколку забележите дека размислувате за секакви работи и почнувате да чувствувате емоции, едноставно обидете се повторно да се фокусирате на боењето и на движењето на рацете.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот