X
 12.09.2019 Технологија

„Епл“ го смисли најлошиот збор за оваа година?





„Епл“ претстави три нови „ајфони“. Меѓу главните адути е и подобрата предна камера, која сега може да снима забавено видео, а поради тоа компанијата веднаш стана мета на исмејување.

Селфито веќе мораше да претрпи сè и сешто, па на македонски стана и самослик, но ако мислевте дека сè завршило тука, „Епл“ одлучи да даде свој придонес. Така стаса слофито.

Терминот „слофи“ е кованица од slow-motion селфи, односно новата можност за забавено снимање видео со предната камера на најновиот „ајфон 11“. И така во промотивното видео како можна примена на тоа настанало слофито, односно забавеното селфи.

Нормално, интернет-заедницата беше брза во реакциите и се чини дека новиот термин не наиде на добри реакции. Многумина коментираа дека слофито треба да се запре уште пред да почне да се користи терминот.



Логично е да се заклучи дека патувањата на многу туристички дестинации ќе станат уште побизарни и неподносливи.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија