Кон крајот на минатата недела почна продажбата на уредите за виртуелна и проширена реалност на „Епл“. Се чини дека повеќето луѓе се задоволни од искуството што го овозможува овој уред. Но, многу купувачи сакаа да го тестираат овој уред на јавни места, со што предизвикаа потсмев, а во некои случаи и бес кај минувачите.
На социјалните мрежи се коментира за луѓето што одлучиле да го тестираат уредот „вижн про“ во кафулиња, јавен превоз, па дури и додека возат, па често пишува дека уредот може да се спореди со уреди од серијата „Црно огледало“ и „Симпсонови“. Иако е јасно зошто носењето футуристички очила во јавност може да се поврзе со „Црно огледало“, само љубителите на „Симпсонови“ ќе ја знаат врската на овој уред со оваа серија.
Имено, пред 8 години, во епизодата „Пријатели и семејство“, жителите на Спрингфилд добија уреди кои навистина наликуваат на „вижн про“ на „Епл“. Кога жителите на Спрингфилд почнале да ги носат уредите, следувал хаос во градот - некои удирале во бандери, додека други паѓале во дупки на патот.
Гледајќи како шетаат по улиците со „вижн про“ и гледајќи делови од епизодата на „Симпсонови“ кои кружат на социјалните мрежи овие денови, јасно е зошто многумина велат дека „Симпсонови“ повторно ја предвиделе иднината.
А каква би можела да биде таа иднина, доволно е да се погледнат видеата кои го покажуваат однесувањето на луѓето во јавност додека ги носат овие уреди.
Извор:
USA Today
Фото:
Twitter