X
 19.07.2022 Технологија

„Епл“ дава 2 милиона долари ако успеете да го хакирате „iOS 16“

Ако сакате предизвици, тогаш ова е вашата можност бидејќи „Епл“ нуди 2 милиона долари награда за личноста која ќе успее да го блокира моделот со висока безбедност на најновиот „iOS 16“.

Но, малкумина ќе успеат. Всушност, „Епл“ е толку сигурен дека нема да успеат, па ја нуди оваа досега невидена награда. Како што велат од „Епл“, станува збор за режим со висока безбедност, кој е една од одличните карактеристики на „iOS 16“ и една од главните атракции за оние што ќе се одлучат за мобилни телефони од овој бренд.

Компанијата вклучи нова категорија во нејзината програма наречена „Епл секјурити баунти“ за наградување хакери или истражувачи кои помагаат да се подобри нејзината заштита.

Што претставува „локдаун“ режимот?


„Локдаун“ режимот претставува екстремно строг режим за безбедност и заштита. Неговата главна примена е во случаи кога корисниците се сомневаат дека телефонот е заразен со тројанец. Исто така, режимот го штити „ајфонот“ од следење од непознати извори.

Кога телефонот е во овој режим, системот го блокира поставувањето фотографи и прегледот на линкови во повеќето пораки. Покрај тоа, ги блокира поканите преку „Епл“ услугите, како што се повици на „Фејстајм“ од непознати броеви. Дополнително, податоците на „Ајфон“ ќе бидат блокирани додека уредот не се отклучи.

- Иако повеќето корисници нема да бидат жртви на насочени сајбер-напади, мораме да ги заштитиме корисниците на производите на „Епл“. Овој режим е револуционерна функција, која е одраз на нашата посветеност да ги заштитиме корисниците од напади - изјави Иван Крсти, директор за безбедносно инженерство и архитектура во „Епл“.

Секој што ќе успее да го хакира „iOS 16“, треба да достави целосен извештај на product-security@apple.com.

Извор: Gearrice.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија