X
 11.01.2021 Живот

Најдоброто работно место во светот? Неколку работи што не сте ги знаеле за седиштето на „Епл“

Откако беше отворен во 2017 година, „Епл парк“ не престанува да предизвикува воодушевување. Поради специфичните погодности, многу луѓе го нарекуваат најдоброто работно место во светот. Еве што треба да знаете за него.

1. „Епл парк“ е седиште на компанијата „Епл“, сместена во „Уан епл парк веј“ во Купертино, Калифорнија, а има форма на круг.

2. Кружната четирикатна зграда има канцелариски простор од околу 260.000 квадратни метри. Зградата се наоѓа на земјиште од 71 хектар, а поголемиот дел од него (80 отсто) е покриен со трева, дрвја и друго зеленило. Во рамките на паркот има и вештачко езерце.

1

3. Ова е една од најодржливите зелени згради во светот - покривот на зградата е покриен со соларни панели што можат да произведат 75 отсто од енергијата потребна за функционирање на сите системи. Остатокот се добива преку еколошки решенија на „Блум енерџи сејвер“.

4. Овде сите имаат место за своето домашно милениче. Иако во паркот работат околу 12.000 вработени, изградени се повеќе од 14.000 места за паркинг под земја. Исто така, оддалечени се од влезот во зградата околу 10 минути за вработените да се поттикнат на минимална физичка активност.

2

5. Зградата има седум кафулиња. Има и ресторан со 1.750 слободни места и секој ден може да послужи по 15.000 порции. Во рамките на паркот се наоѓа и велнес-центар со сала за вежбање, а вработените имаат на располагање 1.000 велосипеди за движење низ паркот.

6. Во рамките на паркот се наоѓа кино што го носи името на покојниот основач на компанијата, Стив Џобс, и има 1.000 слободни места. Тука „Епл“ ги презентира сите свои нови уреди. Стив Џобс бил детално вклучен во изборот на дизајнот на зградата и материјалот што ќе се користи за нејзина изградба, но не го доживеал поставувањето на темелот.

4

5

7. Се претпоставува дека за изградбата на „Епл парк“ биле потрошени околу 5 милијарди долари, од кои само 160 милиони се потрошени за купување на земјиштето. Инаку, ова седиште е 2 километри оддалечено од поранешното.

Извор: Dnevnik.punkufer.hr
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот