X
 12.09.2020 Образование

„Фејсбук кампус“ - нова функција наменета само за студенти

„Фејсбук“ претстави нова функција за да им помогне на студентите да ја задржат комуникацијата со нивните колеги, да споделуваат белешки и да најдат најнови информации за студирањето. Новиот производ наречен „Фејсбук кампус“ е начин на кој социјалната мрежа се труди да ги задржи младите корисници.

Од компанијата изјавиле дека околу 200.000 студенти на 30 американски факултети ќе бидат дел од пилот-проект за „Фејсбук кампус“.


Според едно истражување од 2019 спроведено од истражувачкиот центар „Пју“, околу 79% од возрасните Американци што го користат „Фејсбук“ се на возраст помеѓу 18 и 29 години. Студентите веќе ја користат мрежата, но „Фејсбук кампус“ ќе биде наменет специјално за нив.

Во пилот-проектот учествуваат повеќе американски универзитети, вклучувајќи ги „Браун“ и „Џонс Хопкинс“. Студентите ќе може да отворат профил на „Фејсбук кампус“ кој ќе биде различен од главниот профил на социјалната мрежа. На овој профил ќе може да се стават податоци за насоката на студирањето и предметите што се слушаат во секој семестар.


Фото: Freepik

На мрежата ќе има групи и настани, како виртуелни концерти или сесии за учење, што може да ги видат само студентите на нивниот факултет. Корисниците ќе може и да разговараат со колеги од нивните студентски домови или факултети без да им испраќаат покана за пријателство на „Фејсбук“.

Фејсбук“ првично бил создаден за студентите. Основачот на социјалната мрежа, Марк Закерберг, ја направил мрежата во неговата студентска соба додека студирал на Универзитетот „Харвард“ во 2004. Оттогаш, социјалната мрежа го зголеми бројот на корисници и додаде многу нови функции, како видео во живо, продавница, игри итн.

Автор: Квини Вонг
Извор: cnet.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование