„Тик-ток“ е една од најпопуларните социјални мрежи кај помладите генерации. Многу корисници се обидуваат да бидат популарни таму, а со години Чарли Дамелио беше корисничката со најмногу следбеници. Но, неделава тоа се смени.
Сега на врвот се наоѓа сензацијата на социјалните мрежи Каби Лејм. Тој е познат по своите верзии на „животни трикови“ во кој тој ги исмева нелогичните видеа за животни трикови. Во видеата, тој прави специфичен израз на лицето по кој стана познат. Него го следат дури 142,7 милион корисници на „Тик-ток“.
На второто место сега е Чарли Дамелио со 142,3 милиони следбеници, а следува Бела Порч со 90,1 милион следбеници.
На листата од 10 најпопуларни корисници на „Тик-ток“ се и Адисон Ре, Вил Смит и Бурак Оздемир.
Извор: The tab
Насловна фотографија: Tiktok (printscreen)