X
 12.09.2021 Живот

Компанија бара сопственици на кучиња што бесплатно ќе тестираат викендици

Во хотелите често се забрануваат домашните миленици, а тоа може да биде проблем за многумина. Меѓутоа, британската фирма за изнајмување домови „Кенајн котиџес“ се обидува да ги привлече токму оние лица што имаат домашни миленици.

Дополнително, компанијата сака нејзините домови да бидат добро место за домашните миленици, па затоа секоја година вработува десетмина кои ги оценуваат сместувањата. Во моментов трае пријавувањето за овогодишното оценување на викендиците.


Фото: Pixabay

Програмата предвидува да му се доделат 1.000 фунти на цело семејство, кои може да се искористат за изнајмување дом по избор. Семејствата добиваат и пакети со храна и играчки за кучиња.

Од наградените семејства се бара да го документираат искуството на нивниот домашен миленик со фотографии и напишан извештај, кои ќе бидат објавени на веб-страницата на компанијата.

За да се пријавите, треба да живеете во Обединетото Кралство и да поседувате куче кое би можеле да го фотографирате. Пријавувањето трае до 4 октомври.

Извор: Mental Floss
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот