За многумина, совршен живот е кога не мора да облекуваат фармерки или чевли, а сега постои совршена професија за овие луѓе - тестер на папучи и производи за спиење.
Велшкиот бренд „Бедрум атлетикс“ сака да вработи двајца кандидати кои ќе ги тестираат и
оценат најновите дизајни на папучи, пижами, перници и други производи на компанијата.
Кандидатите ќе треба да ги тестираат производите два дена во месецот, а ќе треба да ги носат производите по 12 часа во тие два дена. Месечната плата изнесува 333 фунти.
Знаете некој од Велика Британија што би можел да се пријави? Огласот е објавен
овде.
Автор: Ниха Тендон Шарма
Извор:
luxurylaunches.com
Фото: Pixabay